Од Управата за хидрометеоролошки работи од денес, до среда, најавуваат повремени врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер.
Во Охрид времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи до максимални 10 °С.
За понеделник и вторник метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, во среда врнежи од снег и веќе од четврток ќе имаме сончево време. Температурите ќе се движат од -1 °С до 10 °С.