Обилните врнежи од дожд кои го зафатија валандовскиот регион вчера во вечерните часови поплавија неколку села во валандовско. Поради напукнат доводен канал за наводнување кој е запушен од нанос на песок и гранки, водата од пороите истекува преку с.Јосифово, каде поплавени се повеќе куќи (подруми), како и земјоделско земјиште. Мостот кај Горна мала е скинат и учениците и работниците не одат на училиште и на работа. Аразлиска река е надојдена при што е скинат цевководот за вода за пиење за с.Јосифово и с. Удово кои во моментот се без вода за пиење. Во с.Пирава од поројниот дож има големи наноси од песок во центарот на селото, а улицата Гоце Делчев е раскопана и истата не е проодна. Бојмијата-мичкова река е запушена кај испустите од цевки и водата се излива во полето каде е поплавено и земјоделско земјиште.
Вчера во текот на вечерните часови и во струмичко имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен југоисточен ветер. Поради обилните врнежи од дожд: – оштетен е мостот на Маркова река кај с. Раборци при што е во прекин патниот правец Раборци – Попчево. -Поплавени се северниот дел од градот Струмица реон Ракиџиски мост, Бензиска пумпа „Макпетрол“, пазар Чешел, поради излевање на водата кај Ракиџиски мост. Поплавени се и населените места и земјоделските површини на с. Просениково, Добрејци и дел од с. Дабиле. Ангажирана е механизацијата на ЈПКД Комуналец и градежните фирми Габро и Кипо, а дадени се-1500 вреки за правење на насип од страна на ДЗС Поради обилните врнежи од дожд во с. Сушево оштетено е речното корито на Сушевска река, улиците и 3 моста во селото, а во прекин е и водоснабдувањето и електроснабдувањето. Поплавени се земјоделските површини и дел на населените места: Ангелци, Градашорци, Владевци и Василево. На река Струмица е прекинат дел од речниот насип од левата страна во правец од с.Босилово према с.Турново во близина на магистралниот пат М-6 и има опасност од однесување на дел од десниот насип на реката во близина на с.Еднокуќево. Исто така, како критично место е посочен и одводниот канал Азмак кој во моментот не може да ги прими водите од населеното место Чанаклија. Екипа од околу 30 тина вработени од ЈПКД Огражден Босилово се на терен и работат на полнење на скинатиот лев брег со полнење на вреќи со песок.