Внимателно при паркирање кај високите тротоари и банкини

Паркирајќи на висока банкина или тротоар често се случува да го оштетите вашиот автомобил. Доколку не ви фаќа око од прва, подобро да се паркира степен поназад, отколку да запне браникот, па да биде предоцна. WebOhrid

повеќе...

Потпишана спогодба за заштита на посетители помеѓу Националните бироа за осигурување на Македонија и Словенија

Спогодбата за заштита на посетители, која денес беше потпишана во Скопје, меѓу Националното биро за осигурување на Македонија и Националното биро за осигурување на Словенија, им овозможува на возачите од двете држави побрз и поефикасен надомест на штета, во случај на евентуални сообраќајни незгоди. Со Спогодбата е предвидено оштетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава, по враќањето во матичната земја, да се обрати на своето Национално биро за осигурување, кое во соработка со Бирото на другата држава каде што се случила незгодата, ќе овозможи побрзо остварување на правото на…

повеќе...

Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Сè уште не може да се добие реална слика за штетите од земјотресите во Охрид

Земјотресите во Охрид и понатаму траат. Според тоа, сè уште не може да се добие реална слика за штетите предизвикани од овие земјотреси, бидејќи постои можност од проширување на  пукнатините на ѕидовите и дополнителна штета, доколку има нови потреси. Исто така, голем дел од жителите моментално не се во своите домови. Тие самоиницијативно, превентивно, загрижени за својата безбедност, ги напуштија своите домови. Некои ноќта ја поминуваат во своите автомобили, некои во шатори во парковите, а некои пак под отворено небо. Тие би извршиле увид и би пријавиле штети дури откако…

повеќе...

Јавен повик за пријавување на штети од земјотресот на 03.07.2017

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им има нанесено материјална штета на нивните имоти, истата да ја пријават во просториите на Општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е дипл. земјоделски инженер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија…

повеќе...

Силен земјотрес го погоди Охрид – има материјални штети

Силен земјотрес го погоди Охрид во 11:39 часот. Земјотресот беше со јачина од 4.2 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. Неговиот епицентар беше 8 километри источно од Охрид. Предизвикани се помали материјални штети: напукнати ѕидови, оштетени оџаци, искршени предмети и сл. Четири минути подоцна следуваше уште еден послаб земјотрес, со интензитет од 2.3 степени, на длабочина од 8 километри. Подоцна следуваа уште два: во 13:53 часот со интензитет од 2.4 степени и во 14:31 часот со интензитет од 2.8 степени. WebOhrid

повеќе...

Во Велгошти ќе се врши проценка на штети на земјоделските насади од невремето

Поради настанатите штети на земјоделските насади од невремето, Комисијата за проценка на штети, денес во 11 часот ќе врши увид во Велгошти.

повеќе...

Општина Охрид ќе помогне во реконструкцијата на опожарената куќа

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска го посети семејството на Музафер Садик, чија куќа, што се наоѓа на улицата „Даме Груев“, вчера изгоре во пожар, предизвикан од запален оџак. Во пожарот е направена голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Градоначалникот Бакрачески, сочуствувајќи со нивната несреќа, вети дека општина Охрид ќе направи се за да му се помогне на Музафер Садик. „Веднаш по поднесувањето на барањето од страна на господинот Садик до општина Охрид, нашата комисија за проценка на штети ќе дојде да изврши проценка, а потоа во консултации со нашите…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Земјоделците од Дебрца 4 години го чекаат одобреното обештетување од природната непогода во 2010

Општинската организација на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади. Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд…

повеќе...