Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87%, односно за 1,34% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 11.02.2013 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 116,976 $/барел и е за 0,56% повисока од просечната цена на сурова нафта (116,324 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,1708 ден/$ и е за 1,36% повисок од курсот на доларот (45,5537 ден/$) по кој беа формирани цените. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,68% или за 18,30 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,53 % или 5,15 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,61% или за околу 3,94$/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,87% .
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,34%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 11.02.2013 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.02.2013 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.02.2013 година. Така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.02.2013 година. Така цената на М-1 НС изнесува 43,603 ден/кг.
За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажните цени на нафтените деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2 ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ).