И на Сонцето врне дожд

НАСА објави видео кое покажува дека и на Сонцето врне дожд, но не типичен дожд како на нашата планета, туку станува збор за феномен наречен „коронален дожд“.

Сателитот на НАСА сними голема количина на огнена плазма, која се издигнува над површината на Сонцето и како дожд повторно се враќа назад. Видеото е снимено во јули минатата година, а секоја секунда од видеото трае реални шест минути, што значи дека овој „дожд“ траел цели 10 часови.