Старт на „Охрид-град на цвеќето 2013”

По успешно спроведениот  проект „Охрид-град на цвеќето 2012 год.“ оваа година Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со реализација на „Охрид-град на цвеќето 2013 год.“. На 02.03.2013 год. (сабота) во 12:00 часот ќе биде означен стартот на овогодинешниот проект, на потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до хотелот „Палас“, со засадување на саден материјал од годинешната реколта од сопствено производство на јавното претпријатие.

„Охрид-град на цвеќето 2012 год.“ се покажа повеќе од успешен: се реализираа голем број хортикултурни решенија и нови зелени катчиња, се анимираа правните субјекти и физички лица за уредување на своите тераси, дворови со стручна помош и саден материјал од „Охридски Комуналец“ и се доделија 350 жардињери со сезонско цвеќе.

„На овој начин индиректно станавме и туристички промотори на Охрид, а беше организирана и хуманитарно-продажна изложба со кај се донираа средства за нашите најмали сограѓани од Детската градинка „Јасна Ристеска“. Во оваа насока продолжуваме и во 2013 год. со реализација на многу нови парковски решенија и цветни катчиња“. – истакнуваат од Ј.П. „Охридски Комуналец“.