Во Куратица осветени темелите на црквата Св. Симеон Столпник

Со свечена литургија денеска во Куратица беа осветени темелите на црква посветена на Светиот Преподобен Симеон Столпник. Свет храм кој датираше од пред неколку децении на ова место, а кој со взаемна помош од месното население ќе биде повторно возобновен.

На светиот чин покрај службата од страна на свештените лица, присуствуваа и голем број верници од Куратица и околината, каде после Црковниот обред беше служен и црковен ручек, во просториите на Основното училиште, од страна на Црковниот одбор.

Ваквата заложба, како од страна на МЗ Куратица така и од месното население, со взаемна соработка на Дебарско кичевската епархија, ќе допринесе за збогатување на овој регион со уште еден верски храм, посветен на Свети Симеон, кој е ретка и можеби единствена црква во овој дел.

WebOhrid

фото: kuratica.eu