Црвенковски: На локални избори ќе одиме, предвремени парламентарни избори ќе има

“На локални избори ќе одиме, предвремени парламентарни избори ќе има“, изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, вечерва во седиштето пред сопартијците на состанок на раководството.

Денешниот договор, за кој гарантор е Европската унија покажа дека тогаш кога сме доследни и упорни, кога сме цврсти, кога сме заедно, кога сме сплотени, и што е најважно, кога правдата и вистината се на наша страна, се може да се постигне. Почитувани граѓани, ви благодарам на поддршката што ни ја дававте и што ни ја давате“. – рече Црвенковски.

„Оваа битка ја почнавме заедно, оваа битка ќе ја продолжиме заедно, се до крај, до конечната победа“, – порача лидерот на СДСМ.