Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 01.03.2013 година) оствари средба со Комесарот за проширување на Европската Унија, г-дин Штефан Филе.
На средбата беа реафирмирани посветеноста и заедничките интереси за надминување на предизвиците согласно принципите и јавно искажаните ставови. Беше истакната заложбата за реализација на европската интеграција на Република Македонија. Се изрази благодарност и задоволство од ангажманот и поддршката на Европската Комисија за нашата европска агенда.