Агенцијата за млади и спорт апелира за фер плеј игра и достојно однесување на спортските трибини

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија по повод одржувањето на сите спортски натпревари ширум нашата Држава во сите спортови, апелира на фер плеј игра и достојно однесување на спортските трибини пред почетокот, за време и по завршувањето на спортските настани.

Во рамки на спроведувањето на Европската ратификувана конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите на спортските приредби, посебно на фудбалските натпревари, апелираме максимално координирање на лицата во спортските клубови со националните спортски федерации за навремено преземање мерки за спречување и оневозможување на било каков вид насилство и недостојно однесување на гледачите.

Агенцијата за млади и спорт како единствен орган на управа надлежен за работите од областа на спортот бара да се воздржат сите страни од било каков вид на недолично однесување.

Организаторите на натпреварите да потикнат меѓусебна координација, да преземат одговорност за организираните патувања на навивачките групи заради доброто, одговорно однесување на спортските клубови и навивачите.

Исто така на сите организатори на спортски натпревари им препорачуваме преземање посебни мерки на претпазливост пред почеток, за време и по завршувањето на натпреварите со навремено реагирање и ангажирање на соодветни службени лица заради обезбедување на сите чинители во спортскиот ринг.

Ова се денови кога сите треба да бидеме посветени и помогнеме само на своите клубови, да навиваме коректно за да им овозможиме мирно и коректно одвивање на спортскиот чин.

Да заборавиме на сите претходни недоразбирања, обвинувања. На спортските натпревари кои се одржуваат овој викенд нека победи спортот.