Министерот за образование и наука Панче Кралев, претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата Никола Ангеловски, денес потпишаа Меморандум за соработка во областа на унапредувањето на сообраќајната култура на учениците од основното и средното образование.
Согласно Меморандумот МОН, РСБСП и ЗЕЛС, ќе преземат низа активности за спроведување на Националната стратегија за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Договорените страни ќе остварат низа активности во насока на заштита на децата во сообраќајот. Ќе се организираат едукативни активности содржани во обуки, натпревари, емисии, манифестации. Ќе се спроведуваат проекти преку емитување на видеоспотови, јавни пораки, нагледни средства и други посебни средства за подршка на медиумската кампања, а заради остварување на основната цел „нула деца жртви во собраќајот на патиштата“ која е дефинирана во Националната стратегија на РМ за безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Активностите ќе се рализираат според годишен акционен план усогласен помеѓу Министерството за образование и наука, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Координацијата на усвојувањето на годишниот акционен план ќе ја организира Министерството за образование и наука.