Ќе се гради „Титаник 2“

Австралискиот милијардер, Клајв Палмер планира да изгради реплика на „Титаник“. Изградбата ќе започне оваа година во Кина, а се очекува да биде готов за пловидба во 2016 година. „Титаник 2“ ќе плови по истиот пат преку Атлантикот каде што своевремено првиот „Титаник“ ја доживеа несреќата.

Сеуште не се соопштуваат цените на билетите, но Палмер тврди дека за ова патување некои клиенти се спремни да платат дури и еден милион долари.

Палмер со ова сакал да им оддаде почит на жртвите од оригиналниот „Титаник“, кој потона на својата прва пловидба од Британија до ЊуЈорк на 14 април 1912 година, откако удри во санта мраз. Од 2.224 патници и членови на екипажот, преживеаа само 710.