Активен викенд за нашите интернационалци

Николче Новески го одигра целиот натпревар за Мајнц кој во гости успеа да одигра 1:1 против Фортуна Дизелдорф.

Наполи и Јувентус одиграа 1:1, а Горан Пандев не можеше да направи нешто повеќе за Наполи, излезе од игра во 67 минута.

Шарлерој 0:1 Зулте Варегем, Александар Трајковски го одигра првото полувреме за Зулте Варегем.

Нагоја Грампус одигра 1:1 против Џубило Ивата. За тимот од Нагоја дебитираше Никола Јакимовски, го одигра целиот натпревар, а заработи и жолт картон.

Таврија изгуби од Карпати со 0:2. На голот од Карпати целиот натпревар бранеше Мартин Богатинов. Бесарт Ибраими излезе од игра во 73 минута во натпреварот во кој неговиот тим Металург Запорожје загуби со 1:0 во гости против Илчивец.

Тимот на Мирсад Јонуз, Неа Саламис изгуби на домашен терен со 0:1 од тимот на Докса. Арменд Алими го одигра целиот натпревар за Неа Саламис. Тимот на Тони Савевски, Омонија Никозија го победи Аполон со 2:1. За Аполон целиот натпревар го одигра нашиот дефанзивец Бојан Марковски. Алки во гости одигра 2:2 против Олимпијакос. За Алки Никола Глигоров влезе во игра во 65 минута.

Един Нурединоски бранеше на целиот натпревар во кој неговиот тим Баку со 2:1 го совлада Реван. Туран Товуз на домашен терен изгуби со 2:3 од Нефтчи. За Нефтчи целиот натпревар го одигра Игор Митрески. Карабак одигра 0:0 против Интер Баку. За Карабак Муарем Муарем влезе во игра во 46 минута, додека пак за Интер Баку цел натпревар одигра Славчо Георгиевски. Бујамин Асани го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Капаз на домашен терен одигра 1:1 против Симурк.

WebOhrid