Може ли да се лета со чадор!?

Имајќи ја на ум акробацијата на славната англиска дадилка од романот за деца „Мери Попинс“, американскиот екстремен спортист Ерик Ронер се обиде, наместо со падобран, да се спушти со голем чадор.

Ронер скокна од балон и неколку секунди лебдеше на небото пред чадорот да се распадне од големиот притисок. Потоа авантуристот не можеше ништо друго да направи освен да го активира својот падобран, за да може безбедно да се приземји.