Премиерот Никола Груевски вчера ја предаде во употреба реконструираната спортска сала „Тодор Александров“ во Велгошти.
„Задоволство е да се биде гостин во Велгошти, особено кога за тоа има убав повод. Тука сме за да го означиме конечното завршување и официјалното пуштање во употреба на спортската сала „Тодор Александров“. Овој објект години наназад чмаеше полуизграден, до половина со нерасчистени имотно-правни односи, оштетени ѕидови, искршени стакла, руиниран односно почнат и незавршен“, рече Груевски пред присутните.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски истакна дека салата е изградена според сите стандарди, особено во делот на опременоста.
Реконструкцијата на салата во Велгошти започна на 21 септември. Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесува 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.
WebOhrid