Семинар на Тренерската организација и Центарот за Едукација при ФФМ

Тренерската организација и Центарот за Едукација при ФФМ денес организираат еднодневен семинар за Шефови на стручни Штабови во Прва и Втора МФЛ, координатори на младински школи и Селектори во младински категории и женски фудбал, кој ќе се одржи во хотелот „Континентал“ со почеток во 10:30 часот.

Теми на презентација на овој семинар ќе бидат:

– Системи на игра, принципи и начини на одбирање и спроведување на истите презентирано од Ромео Јозак, УЕФА Инструктор;

– Психологија на врвни спортисти, презентирано од Проф. Д-р Ленче Алексовска Величковска.