ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа

На денешната прес-конференција во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беа претставени кандидатите на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а воедно беа изнесени и првичните согледувања на текот на изборната кампања.

Панoвски порача дека нивната борба, идеи и иницијативи како советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат бескомпромисни. Формите на делување на советниците ќе бидат многукратни, широки и блиски до граѓаните. Како што рече Пановски, затоа и ја бараат пошироката поддршка на сограѓаните за мнозинство во Советот на ВМРО-ДПМНЕ на Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да потсетам, мнозинството на СДСМ управуваше овие 4 години со досега најслабиот Совет по однос на донесените Одлуки и по однос на спроведените заклучоци. Оптеретени со узурпираната волја на граѓаните, завиени во сопствените манипулации и следени пред се од личниот интерес, мнозинството на СДСМ не успеа да се издигне на нивото на Охрид и работеше на границата на законитоста, често и нарушувајќи ја истата. Ниедна одлука, ниеден проект не беше донесен во интерес на градот. Никогаш не се согласив и нема да се согласам со безидејност, манипулации и нанесување штети врз Охрид. Охрид  изгуби години и иднина заради луѓе кои само земаат во име на Охрид, време е нашиот Охрид да го водат луѓе кои на Охрид ќе му дадат се“. – рече актуелниот советник Дејан Пановски.

Доктор Јованка Точко како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид за локалните избори 2013, одговорно тврди дека сите кандидати на листата на советници, се исклучително вредни, исполнителни, пред се чесни луѓе, кандидатите за советници на листата се различни по возраст, но со иста цел, да одговарат на целокупната проблематика со која ќе се занимава советот на Општина Охрид во периодот што следи по 24 Март.

„Како носител на листата на советници за општина Охрид можам да Ви ветам само една работа – новиот совет и нашето мнозинство предводено од ВМРО-ДПНЕ со ништо нема да наликува на досегашниот совет. Граѓаните ќе ја препознаат победничката советничка листа, листата на советници  на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид за локалните избори 2013“. – изјави д-р Јованка Точко.

VMRO-DPMNEpress3WebOhrid