Министерот Адеми на работен состанок на РЕНА

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и раководителот на Секторот за меѓународни односи и проширување на Генералниот секретаријат на ЕК Николас Хенли вчера го отворија состанокот на Управниот одбор на земјите членки на Регионалната мрежа за пристапување за животна средина од Западен Балкан, Турција и Исланд (РЕНА).

Во рамки на РЕНА, според ресорниот министер, преземени се активности за подигање на капацитетите на администрацијата во областа на животната средина и интензивирање на меѓусебната размена на искуства на земјите од Западен Балкан, меѓусебно, но и со земјите членки на Европската унија.

„Верувам дека во процесот на пристапување кон ЕУ за мојата земја, а убеден сум и за другите, од особено значење ќе биде обезбедување поддршка во спроведувањето на законодавството од областа на животната средина, зајакнување на капацитетите на администрацијата за планирање и реализација на инвестиции, како и за подготовка и спроведување на преговорите со ЕУ“, – рече Адеми.

Програмата РЕМА, се заменува со ЕКРЕМ, нова програма за животна средина и климатски промени за пристапување во Унијата за земјите од Западен Балкан и Турција. Во оваа програма насочени се во четири работни групи кои имаат за цел да ги зголемат активностите на регионалната соработка во областа на животната средина. Главниот фокус ќе биде даден на пристапување и зајакнување на капацитетите на администрацијата за преговарање со ЕУ, планирање инвестиции во полето на животната средина за користење на средствата од Унијата наменети за овие земји, како и активности за климатските промени, заштита на природата и управуавњето со водите кои имаат соработка на регионално ниво.