Средба на министерот Никола Попоски со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори Герт-Хинрих Аренс

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска оствари средба со Герт-Хинрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013 година.

Министерот Попоски ја истакна подготвеноста на МНР да даде помош и логистичка поддршка на Мисијата за набљудување на изборите, како и за активностите кои се преземаат со цел спроведување на фер и демократски избори. Тој исто така подвлече дека високо ја цениме улогата на ОДИХР и присуството на набљудувачите на претстојните локални избори.

За време на средбата беше изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување истата да продолжи и во иднина.