МКФ го продолжи рокот за пререгистрација во АД до 18 март

На барање на два клуба кои информираа дека ја отпочнале постапката за пререгистрација во АД, Македонската Кошаркарска Федерација го продолжува рокот за доставување на документи за завршена постапка за пререгистрација во АД до 18 март 2013 година.

Суперлигата, како највисок степен на натпреварување, започнува на 20 март, исклучиво со клубовите кои ја имаат завршено постапката за пререгистрација и доставиле документи и Решение од надлежните државни институции (Централен Регистар и Агенција за млади и спорт) како потврда.

Клубовите КК Лирија и КК Куманово, кои по првиот дел од Првенството обезбедија пласман во најдобрите шест, во случај да не ја исполнат предвидената законска обврска за пререгистрација во АД, во Суперлигата ќе бидат заменети со следните два најдобро-пласирани клубови кои се пререгистрирани во АД.