Царинските службеници на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје, спречија обид за шверц на луксузна стока.
Вчера (07.03.2013) со лет од Лондон, на Аеродромот „Александар Велики“ – Скопје пристигнал косовски државјанин кој по подигањето на својот багаж се определил за зелен канал каде поминуваат патници кои немаат ништо да пријават за царинска контрола.
Патникот, по случаен избор е селектиран за детална контрола, при што во неговиот багаж, царинските службеници пронајдоа:
– 3 ланци и 1 пар обетки Versace,
– 7 парфеми (Hugo Boss, Channel 5, Davidoff -the Game, Estee Lauder- Sensous Noir, Calvin Klein Shock и Sex in the city),
– 1 Ipad mini APPLE
– 1 часовник Armani Exchange
Против лицето е поведена прекршочна постапка, а стоката е привремено одземена.