На денешната прес-конференција, Петрит Хусеин и Демир Далип, јавно ги повикаа Египќаните, без страв, храбро, достоинствено и масовно да гласаат за кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески како и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Петрит Хусеин како поранешен претседател на партијата на Сојуз на Египќани истакна дека доктор Бакрачески е вистинската личност кој само не декларативно туку и суштински ги поддржува неговите сограѓани Египќани како посебен етникум и е гарант за нивна интеграција. Исто така, тој се осврна на големото по негово разочарување од неисполнетото ветување кое пред 4 години го даде актуелниот градоначалник, Александар Петрески, кога во тоа време беше медиумски покриено и потпишан меморандум и поради тоа Египќаните ќе го казнат на избори.
Демир Далип исто така е убеден дека со победата на кандидатот за градоначалник д-р Никола Бакрачески како и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат интензивните развојни проекти меѓу кои спаѓаат и стратешките проекти за Египќаните, нивната интеграција, рамноправност и победа на слободата над стравот како и економската ренесанса на град Охрид.
Далип и Хусеин регираат на реакцијата на ВМРО-НП, со тоа што велат дека не е вистина тоа што го потенцираат, како и ги повикаа од ВМРО-НП да влезат на нивниот фејсбук профил и да видат најмалку 10-тина фотографии каде високи функционери, пратеници и почитуваниот д-р Бакрачески најпријателски ги поддржува Египќаните во нивните говори и настапи.
WebOhrid