Бензинот и дизелот поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,50 денари, односно за 2 денари за литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
 
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и ќе чини 71 денар за литар.
 
Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена ќе изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 ден/кг  и ќе изнесува 43,005 ден/кг.
 
Корекцијата на цената на нафтените деривати е поради пониската просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.