ВМРО-ДПМНЕ: Злосторниците секогаш се враќаат на местото каде направиле злосторство

ОК на ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција во врска со изјавата на актуелниот и кандидат за иден градоначалник Александар Петрески, која ја даде пред фабриката ЕМО. 

„Злосторниците секогаш се враќаат на местото каде направиле злосторство. Така и СДСМ и Петрески кој беше еден од директорите, се најдоа предизборно пред ЕМО.

Нивното злосторство врз ЕМО е покриено со куп кривични пријави и осуди за злоупотреби  против низа на директори на СДСМ кои го сторија злосторот врз ЕМО меѓу кои и братот на кандидатот Александар Петрески. Тој злостор врз ЕМО и ден денес тешко се поправа“. – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.