За прв пат во својата историја, Малта ќе претседава со Советот на Европската Унија. На почетокот од годинава, малата островска држава го презеде ротирачкото претседателство од Словачка, а во јули ќе и го предаде на Естонија.
Во следните шест месеци Малта ќе го има предизвикот на соочување со клучните прашања на Стариот континент, како миграциската криза, тероризмот и очекуваниот почеток на преговорите за „Брегзит“.
Како главни приоритети за време на својот мандат, Малтешкото претседателство ги постави: миграцијата, единствениот европски пазар, безбедноста, социјалната политика, соседската политика и интегрирана морска политика.