ВМРО-ДПМНЕ: Господа од СДСМ и господине Петрески, ние знаеме, а вие сте свесни дека си одите од локалната власт во Охрид

Ги гледаме СДСМ и Петрески како на најдолен начин наместо да нудат проекти за Охрид се обидуваат да манипулираат со јавноста преку некакви негативни реклами во контекст на Охрид,рече на денешната прес конфернција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Митровиќ.

Мировиќ  потсети дека пропаста на сите претпријатија ,на сите големи фирми во Охрид е резултат на криминалната приватизација изведена од Бранко Црвенкоски и олигархијата на СДСМ.

„Секој обид да се префрли вината на друго место е само потврда на она што го спомнавме и вчера дека злосторниците се враќаат на местото на злосторството. СДСМ да говори за фабриките во  Охрид  кои ги уништија е понижување на граѓаните и рамно на политичко самоубиство од грб. Толку за нив, затоа што граѓаните знаат и паметат кој ги избрка од работните места и фабриките“. – истакна Митровиќ.

Како што рече портпаролот, во недостиг на проекти и програми  најнеспособниот Градоначалник и најнеспособната Локална самоуправа сака да обвини за тоа што е направена улицата Железничка и да искористи несреќи во политичка кампања. 

„За жал не е првпат СДСМ и Петрески да уживаат во несреќите во Охрид. СДСМ и Петрески обвинуваат зошто се изгради ново крило на Болницата и манипулираат со некакви бројни случаи. Господо ако немате чест а имате проблем со нормалното расудување ,барем не играјте си со судбини и не лажете. Дури и  за угинувањето на рибите за кое јасно е виновна  Проаква во новогодишниот  „договор„ со нивните експерти  и за тоа прават реклами. Уште едно политичко самоубиство од грб, израз во контекст на нивната морбидна кампања“. – додаде Митровиќ.

Митровиќ им порача, да не забегуваат во бескрупулозноста на своето однесување и наместо да се занимаваат со статистички податоци за посетеност на гробните места, требало да го работат она за што биле платени-да ги одржуваат тие гробни места и да ги слушнат реакциите на охриѓани и нивното незадоволство од високите сметки за гробарина и пари од граѓаните.

„Господа од СДСМ и господине Петрески, ние знаеме, а вие сте свесни дека си одите од локалната власт во Охрид. Дека завршува вашето деструктивно однесување кон Охрид и дека немате веќе поддршка од чесните охриѓани. Наместо да си играте со чувствата на луѓето и да ги манипулирате, поделете им барем плата на вработените во општинската администрацијата. Тоа се наши сограѓани кои вие упорно  ги лажете, но ние нема да дозволиме да ги малтретирате и сме и ќе бидеме на нивна страна! Престанете она  што овие денови стигнува како приход во касата на Општина Охрид  да го делите за еден час на својата тајфа за предизборни цели и за да може си ги исплаќате гревовите, затоа што 8 годишниот грев кон Охрид  што му го приредивте неможе да го исперете со ништо. Секој потрошен денар после 24 Март ќе ви биде предмет на ревизија.  Затоа, подгответе се“. – нагласи Митровиќ.

WebOhrid