Денес кандидатот за советник во Општина Охрид и носител на советничка листа, адвокат Александар Станкоски одржа прес-конференција, на која ја претстави неговата програма и деталната визија за Охрид после 24-ти март.
Неговиот мотив за кандидирање на независна листа е неговото работно животно искуство, дел од тоа да пренесе во Советот на Општина Охрид.
„Како една од основните задачи ми е донесување на странски инвеститори. Таквиот мој пристап и сега во овој момент е исполнет, бидејќи јас сум еден од иницијаторите кои наши македонски државјани од Америка инвестираа значителен дел од нивниот стекнат капитал во Америка. Во тек е реновирање на поранешниот хотел Застава, во кој треба да најдат вработувања најмалку 50 лица, а тој хотел е веќе во завршна фаза на реновирање и истиот во време на летниот период, а најдоцна до септември би отпочнал со работа. Значи ние нудиме работа за лица кои сакаат да работат и лица кои се спремни на работа“. – истакна Станкоски.
Неговата визија е и во дел на уредување на некои односи во делот на стариот град, пред се регулирање на сообраќајот и големиот проблем што го имаат граѓаните во тој дел во однос на бучавоста од угостителските објекти. Како што рече Станкоски треба да се најде заеднички јазик помеѓу сопствениците на угостителските објекти и жителите на тој дел, бидејќи Охрид своите приходи голем дел од нашите граѓани го оставруваат токму од туризмот и угостителството најповеќе во летниот период.
„Пред се, дел од мојата визија е Советот да биде она што навистина законски треба и да биде. Советот е орган кој ги одобрува секоја одлука на собранието, на градоначалниот, а не Советот да биде орган на градоначалникот. Моето лого е доста е споделби, правда и достоинство за сите. Она што јас како правник, адвокат, сметам дека секое право треба да биде остварено во нашата општина, нашата општина да биде место каде што ефикасноста на администрацијата ќе биде поголема, односно луѓето да не шетаат од едно до друго место и за еден обичен документ да чекаат и со месеци. Таквиот факт, таквата околност ме натера мене да учествувам на овие избори“. – додаде Станкоски.
Средбата со новинарите се одржа во просториите на адвокатската канцеларија на г-дин Станкоски.