Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески синоќа оствари средба со Египќаните, на која што и официјално Египќаните му ја дадоа нивната целосна доверба и поддршка.
На средбата на присутните Египќани најпрво им се обрати кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.
„Повторно сум овде меѓу свои многу блиски пријатели, свои блиски комшии, меѓу луѓе во кој што и јас се поистоветувам, меѓу луѓе со кои што сум израснал, сум ги поминал своите детски денови. Среќен сум што денес ги гледам вашите лица насмеани, ведри, расположени и пред се горди. Она што си го ветивме едни со други, јас се надевам дека полека полека доаѓа часот кога ќе треба да си ги исполниме нашите ветувања и да си останеме на нашите зборови“. – истакна во своето обраќање пред Египќаните д-р Бакрачески.
Како што кажа Бакрачески поминал многу куќи, имал многу пресови, многу интервјуа, но сепак овој собир му бил најблизок, дека овој собир бил со најсрдечен прием, односно се чувствувал како дома.
„Она што јас го ветувам секогаш, како иден градоначалник на Охрид ќе се заложам пред се за почитување на интегритетот на личноста, за достоинството и гордоста на секој човек. Имам намера да ги промовирам вредностите на заедницата на Египќаните во Охрид за кои што сметам дека заслужуваат поубаво место во ова општество и за кои што сметам дека заслужуваат почит, достоинство од сите други етникуми во РМ. Ви ветувам дека ќе се заложам за унапредување на вашите права и ширење на вашите културни и традиционални вредности“. – додаде Бакрачески.
Претставникот на Египќаните во своето излагање како што рече држел говори на добри места, на повисоки места, но како овој сега никогаш немал затоа што возбудата била многу поголема кога пред себе има пријател, со кој што ги играл првите фудбалски натпревари, победувале, а многу ретко губеле.
„Овој пат ние го имаме човекот кој ја одбра светлината наместо темнината, човек кој ги почитува Египќаните не декларативно туку суштински, човекот кој ќе се потруди за интеграција на Египќаните онаму каде што местото, човекот без ниедна дамка во неговата кариера“. – истакна Демир Далип.
Далип ги повика сите Египќани да излезет на 24 март мирно достоинствено, насмеано, да гласаат за д-р Бакрачески и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Многу позитивно се осеќам, со една позитивна енергија, мило ми е да дадам до знаење дека г-дин Бакрачески секогаш е во придружба со Егиќаните, никојпат не бил позади нив, стои пред нас ние стоиме зад него, после оваа голема љубов ги заборавив и зборовите што требаше да ги кажам“. – вака во својот краток говор кажа поранешниот претседател на партијата на Сојуз на Египќани, Петрит Хусеин.
Пред присутните Египќани се обрати актуелниот и кандидат за советник Дејан Пановски.
„Сите ние сме едно ткиво, сите ние сме Охриѓани и ние мораме сите заедно да се вклучиме во одлуките што се носат за Охрид. Во разни форуми кои што ќе се формираат од кога локалната самоуправа ќе ја преземе д-р Бакрачески, ќе бидат вклучени и Египќаните, значи за да можат да ги искажат своите барања, да можат да учествуваат во процесот на донесување на одлуки, затоа што ние мислиме од 24 март да почнеме со еден сериозен процес за промена на Охрид. Од секогаш сте биле храбри, овој пат бидете најхрабри, воопшто да немате никаков страв, од никакви закани, вие сте храбар народ, сте издржале и добри и лоши работи, ќе издржиме заедно уште многу подобри работи“. – рече Пановски.
Носителот на советничката листа д-р Јованка Точко рече дека и е посебно мило што тука гледа помлада категорија на дами, мајки и сестри.
„Ако го пратиме срцето никогаш нема да згрешиме, да почнеме да дозволиме да го почувстуваме гласот на срцето, тоа значи да донесеме нови промени во Охрид. Охрид заслужува да го врати сјајот. Сите ние да помогнеме да го вратиме сјајот и делата како што биле во Охрид во минатото, да ги возобновиме сега со нови сили“. – нагласи д-р Јованка Точко.
На крај, Египќаните уште еднаш им порачаа на сите политички субјекти дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со кандидатот за градоначалник д-р Бакрачески е нивниот пријател, сојузник, и дека ВМРО-ДПМНЕ не се срами да биде покрај нив – Египќаните.
WebOhrid