Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, вчера одржа одвоени средби со Диедра Бојд, постојан координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Македонија и новиот директор на канцеларијата на Светска банка во земјата, Татиана Проскоруиакова.
На средбата со Бојд беше нагласена подготвеноста за продолжување и проширување на одличната соработка помеѓу Владата на Република Македонија и УНДП. Во тој контекст, вицепремиерот Бесими истакна дека сега земјата е во клучна фаза на патот кон нејзините стратешки цели – членството во ЕУ и НАТО, и поддршката на УНДП во овој процес особено на Пристапниот дијалог на високо ниво е од голема важност за Македонија.
На средбата заменик претседателот Бесими ја истакна и важноста на поддршката која УНДП ја дава за Секретаријатот за европски прашања преку тековниот проект “Градење на капацитети за координација на помош”, која ја поддржува Владата во координацијата на помошта и воспоставувањето на програмски базиран пристап кој е сега основа за програмирање на новата ЕУ – ИПА перспектива за периодот 2014-2020.
Постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП Бојд нагласи дека фокусот на УНДП е во придонесот и дополнувањето на националните напори за исполнување на националните приоритети и Акцискиот план за интеграција во ЕУ, особено во областите својствени на мандатот на ОН.
На состанокот со директорот на канцеларијата на СБ Проскоруиакова, се истакна значењето за Република Македонија во овој период да постигне напредок во процесот на интеграција кон ЕУ, притоа договорени се подготвителни средби помеѓу СЕП и канцеларијата на СБ во Скопје со цел дефинирање на области на соработка од европската агенда.