Трактори без сигнализација, без светла, нерегистрирани трактори, со други зборови трактори „фантоми“. Иако најчесто може да се сретнат на есен, овие трактори претставуваат сериозна опасност по животот на возачите преку целата година. Без разлика дали превезуваат дрва, песок, камења, овошје или зеленчук овие трактори ги има се почесто. Искористувајќи го денот за работа, така натоварени ги напуштаат нивите по зајдисонце и се приклучуваат и возат по магистралните и регионалните патишта кога видливоста е сведена на минимум.
Сигурно и статистичките податоци од МВР доволно зборуваат за несреќите предизвикани токму од овие „фантомски“ трактори, во кои, за жал, најчесто страдаат невини, бидејќи оние што возат брзо не можат навреме да закочат, се решаваат да го заобиколат тракторот на полна линија, а никој во тој момент не би сакал да се најде на спротивната лента од коловозот.
WebOhrid