Откако започна предизборната кампања за локалните избори, од кандидатите можеме да слушнеме и видиме разни идеи –програми (посебно од кандидатите за Градоначалник).
Пред неколку дена до Куратица меѓу другите стигна и програмата од коалицијата „СОЈУЗ ЗА ИДНИНАТА СЕГА„ за што бевме заинтересирани. Секако ја разгледавме, и се разбира застанавме каде и што е предвидено во програмата за Куратица и околните села.
Еднаш прочитано, па уште еднаш, па уште еднаш…… – да не им веруваш на сопствените очи!
Читаме ….
Реконструкција на патот од Прентовмост до Куратица.
Па господине, да не заборавивте дека ова беше ветено уште во далечната 2008 година дека ке го реализирате!? Заборавивте, да ве потсетиме!
Заедно со водоводната мрежа … да да Заедно со водоводната мрежа.
Асфалтирање на патна мрежа во Куратица.
И тука да ве потсетиме дека по ваша препорака на ден 02.09.2008 ви доставивме барање за Асфалтирање на два краци до двете цркви Св Никола и Св Богородица. И тоа заборавивте дека е ветено?!
Реализација на инфраструктурни проекти за развој на зимскиот туризам.
Треба и тука да ве потсетиме, дека како месна заедница имаме зацртано развојна програма на селото, АМА НЕ САМО ЗА ЗИМА-ТУКУ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА ГОДИНА (или налето го отфрливте дека си направивме самите базен од даски).
Покрај овие 3 точки господине да ве потсетиме уште на неколку работи што беа ветени за реализирање во 2008-ма, а не мрднаа од место.
Почнувајки од 2007, секоја година по ваше барање ви е доставувана Програмата за комунален и рурален развој на Месната заедница Куратица, која за жал вие и вашите служби воопшто не ја имате погледанато.
Реконструкција на селскиот водовод.
Реконструкција на кракот од Доолна маала.
Проектот Слива , приклучување на водоводен крак од 2,5 км.
Вашите ветени, неисплатени 3 години Огномет.
Проектот од нефункционалниот ТЛЕР, кој сеуште го чекаме вашиот ветен повик да се расправа заеднички во советот на општината (за жал…, никаков …, ниту повик ниту расправа).
Вашите неисплатени долгови кон медиумски куќи од неколку илјади евра од кампањата од минатите избори.
Има уште за набројување, …! Ако на нешто не можете да се сетите, имаме и видео матријали, што ќе ве потсетат!
Зарем после сите овие ваши ветувања мислите дека ќе се верува во вашите ветувања. ИСКРЕНО, НЕ! А НЕЗНАМ И КОЈ ДРУГ БИ ПОВЕРУВАЛ.
За крај ќе се навратиме на вашиот слоган ВРЕМЕ Е !
Да ВРЕМЕ Е НАВИСТИНА, ДАЛИ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЛАЖЕТЕ И ВЕТУВАТЕ САМО ПРЕД ИЗБОРИ, ИЛИ да разберете дека народот памти што се сте ветиле…?!
Ако искрено со оваа динамика се реализираат ветувањата, јасно е дека ќе ви бидат потребни најмалку уште 9 мандати за да реализирате се што сте ветиле за Куратица во 2008 , А КОЛКУ ЗА НОВИТЕ ПРОЕКТИ!?… НЕЗНАЕМЕ.
Со почит
Ангелоски Горан
Претседател на Совет на Месна заедница Куратица
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.