Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, звањето доктор на науки го стекнале 146 лица што претставува намалување за 25.9% во споредба со 2011 година.
Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 54.1%; медицинските науки, 18.5%; потоа следат техничко – технолошките со 13.0%, а останатите лица докторирале во областа на природно – математичките, хуманистичките науки и биотехничките науки.
Учеството на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2012 година изнесува 71 кандидат што претставува 48.6% од вкупниот број лица кои докторирале во 2012 година.
Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 37.7%, својата професија ја вршат во образовната дејност.