Македонија 0:2 Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија со 0:2 изгуби на Арената Филип Втори во Скопје. Нашите „рисови“ иако со оптимизам влегоа во овој дуел, сепак не можеа да се справат со белгиските „ѓаволи“.

Храбро тргнаа нашите фудбалери уште од првата минута, кога Јаховиќ можеше да ја затресе противничката мрежа. Но среќата беше на страната на противникот, па топката заврши покрај стативата. Целосната иницијатива на нашата репрезентација спласна кон средината од првото полувреме, особено после голот на Де Брујн во 26 минута. Иако можевме веднаш да возвратиме во следната минута, сепак Пандев биеше преку голот.

Во второто полувреме Белгија ја презеде иницијативата, создаде повеќе шанси, а во 61 минута од пенал Хазард постигна гол, кој се покажа како решавачки за овој натпревар.

Следниот натпревар нашата репрезентација го игра повторно против Белгија, но овој пат во гости, во Брисел, вторник 26-ти март со почеток од 20:45.

WebOhrid