Актуелниот и кандидат за иден градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“ – Александар Петрески, денес го оствари своето гласачко право. Петрески гласаше во просториите на Агенцијата за вработување.
„Овие неколку денови се чувствував како Валтер го брани Сараево, јас се чувствувам како Аце да го брани Охрид. Ова што се случуваше овие неколку денови со сите тие силни полициски сили кои апсеа, тепаа, приведуваа, казнуваа, значи не личи на ништо, разочаран сум од сето тоа, јас така мојот Охрид и мојата Македонија не ги замислувам. Очекувам победа и сето ова што се случуваше беше тотално непотребно и Охрид во минатото имаше слични избори, имаше избори каде што се пукаше и треба едно да се знае дека крвава фотелја на никого не му треба, не носи тоа среќа, на никого, ни на фамилија, ни на град ни на држава“. – изјави актуелниот градоначалник Александар Петрески.
Петрески се осврна на изминатите денови од изборната кампања и истакна дека ќе поднесе извештај до надлежните институции.
„Комплетно, целосен извештај ќе доставиме до сите институции и во земјата и надвор од земјата, затоа што ова не беше еден ден, не беше два дена, ова се случува подолго време и ова е стварно трагедија и за Охрид и за Македонија, невидена трагедија“. – додаде Петрески.
WebOhrid