Кандидатот за градоначалник Бакрачески го искористи своето право на глас

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески, денес го искористи своето право на глас. Бакрачески гласаше во старото училиште Св. Кирил и Методиј во населбата Кошишта.

Bakraceski1 Bakraceski2

„Очекувам изборите да поминат во една мирна, фер, демократска и достоинствена атмосфера и со тоа да покажеме дека припаѓаме на групата на цивилизирани општества во Европа, очекувам граѓаните денес масовно да го искористат своето право на слободен избор и секако како и на сите избори така и на овие избори граѓаните ќе го одберат она што тие го сакаат. Се надевам дека онака како што почна денешниот ден и ова сонце што е многу пријатно за охриѓани ќе го наговести и текот на целиот ден до крај на овој избирачки процес“. – истакна д-р Бакрачески.

Bakraceski4

Како што изјави Бакрачески, тој не забележал некои посериозни инциденти во текот на целата кампањата и за време на предизборниот молк.

WebOhrid