Што се случува на интернет за само една минута?

Неверојатните бројки покажуваат колку луѓето се активни на интернет. Што се случува на интернет за само една минута?

Се праќаат повеќе од 204 милиони мејлови, се гледаат барем 6 милиони „Facebook“ страни, се слуша повеќе од 61000 сати музика и се гледаат повеќе од 1,3 милиони снимки на „YouTube“. Исто така се гледаат околу 20 милиони фотографии.

Компјутерите доживеаа разна трансформација и влегоа во секојдневието на човекот. Од сите уреди, најголемо влијание на бројот на пренесени податоци имаат мобилните. Се предвидува дека до 2015 година, бројот на уреди ќе биде двојно поголем отколку бројот на луѓето.