ДИК: Задоволни сме што изборите поминаа фер и без физички инциденти

За државната комисија посебно позитивен е високиот одѕив на граѓаните, што е карактеристика од овој прв круг на локалните избори.

„Многу сме задоволни посебно што денешниот ден на изборите помина фер, без насилство, без предизвикување на никакви физички инциденти на гласачките места и во текот на целиот изборен ден. Се надеваме дека ова ќе продолжи и понатаму  при процесот на броење на гласовите кој се уште е во тек како и при процесот на транспортот на материјалот од избирачките места до изборните комисии кои допрва треба да следи“. – истакна претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Во однос на изборите за градоначалници, од вкупно 1.743.403 гласачи и вкупно 2.976 избирачки места, досега пристигнале податоци за 1725 избирачки места или за 57, 96 отстои од вкупниот број на избирачки места, од нив досега се обработени 473.859 гласачки ливчиња, а бројот на важечки гласачки ливчиња е 458.934, на неважечки гласачки ливчиња е 14.925. Одзивот на глас од овие избирачки места изнесува 67, 61 проценти, што, како што нагласи тој е доста висок одзив. Што се однесува до изборите за Советите во оппштините досега се обработени податоците од 1.701 избирачко место или 57,16 отсто од избирачките места од државата, вкупниот број на гласачи во овие избирачки места изнесува 467.893, а бројот на важечки ливчиња е 448.780. И број на неважечки гласачки ливчинња 19.113.

WebOhrid