Комуникација со граѓаните преку средби во рамки на урбаните заедници во кои живеат, е практика на градоначалникот Бакрачески која ја применува од доаѓањето на функцијата. Во таа насока, денес, оствари средба со жителите од УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. На средбата покрај градоначалникот беа присутни раководителите во Локалната самоуправа и директорите од Јавните претпријатија.
Жителите од овие две урбани заедници средбата ја искористија за запознавање на градоначалникот со нивните потреби, како и евентуални решенија и предлози за понатамошно уредување на урбаните заедници.
Од страна на градоначалникот беа презентирани идните проекти кои се планирани за овие две урбани заедници, а фокусот беше ставен на инфраструктурните и урбанистичките решенија. Во рамки на инфраструктурните проекти беше споменато дека во план на Локалната самоуправа е целосна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, како и асфалтирање на неколку помали сокачиња во двете урбани заедници.