Изминатиов викенд во Загреб владееше вистинска инвазија за изложбата на ремек-делата од Пикасо. Околу 10 илјади луѓе ги погледнале делата на славниот уметник уште во првите два дена.
Изложбата е отворена до 7-ми јули, а цената на влезниците е 10 евра. Се очекуваат рекорден број на посетители, повеќе од 150 илјади. Исто така се очекуваат и голем број на љубители на уметноста од соседните земји, пред се од Словенија и Србија.
Пикасо е најзаштитен уметнички бренд на светот. Целокупната организација изнесува 1,2 милиони евра, а делата на Пикасо се осигурени на 670 милиони евра.