Победа на Бакрачески во првиот круг

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата За подобра Македонија Д-р Никола Бакрачески, заедно со неговиот тим ја прослави победата на Градскиот плоштад во Охрид. Д-р Бакрачески се обрати пред големиот број на симпатизери.

„Моето прво ветување е остварено. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сиот тим кој овие недели, месеци, напорно работеше со мене, на сите луѓе кои што ја поминаа скоро секоја куќа во Охрид и спротивно на ова што нашите политички опоненти кажуваа дека тоа било валкана кампања, не е драги граѓани, само човек со чист образ и со чисти раце може да влезе, да затропа на секоја порта, да се поздрави, да се претстави кој е и што е и да го запамтат граѓаните кај кого утре ќе тропаат на врата, само чисти луѓе го можат тоа. Охрид заслужува поинаква иднина, посветла иднина и можам да ви кажам охриѓани, живејте во слободен Охрид“. – истакна Бакрачески.

WebOhrid