Бакрачески: Во Охрид победи демократијата, во Охрид победи надежта, во Охрид победија охриѓани

„Охриѓани се мудар народ , Охриѓани се мудри луѓе. Охриѓани знаат што е вистина ,знаат што е посветеност , знаат што е иднина. Во тоа име  и во име на мојата љубов и почит кон своите охриѓани и кон својот град сакам да изразам огромна благодарност  за големата поддршка што ни ја дадоа вчера низ еден процес на мирни, фер коректни и достоинствени  избори. Во Охрид победи демократијата, во Охрид победи надежтта, во Охрид победија охриѓани“. – истакна на денешната прес-конференција, новиот градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.

Како што рече Бакрачески вчера Охрид извојувал брилијанта победа. 

„Вчера охриѓани направија разлика помеѓу иднината и досегашното назадување на градот, охриѓани  избраа ИДНИНА. Вчера во достоинствена и демократска атмосфера охриѓани дадоа глас на развојот  на напредокот и на чесното работење. На овие локални избори огромно мнозинство граѓани им покажаа на досегашната локална власт дека очекуваат Европски стандарди во работењето, а не патетични говори и омаловажување на Охридските цивилизациски вредности“. – рече Бакрачески.

Д-р Никола Бакрачески им заблагодари на сите оние кои во Никола Бакрачески, неговиот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ја препознале политичка сила која ќе треба во наредните 4 години да ја носи одговорноста за Охрид за неговиот развој и приклучување кон современите и напредните градови. 

„Им благодарам и на оние кои не дадоа поддршка на нас, заради некои свои определби, но убеден сум и верувам дека во иднина ќе ја препознаат нашата опција и во иднина реално ќе оценуваат кој постигнал повеќе.  Поминавме сите заедно еден период на претставување на нашата програма, која понатаму ќе биде основа на нашата работа, без притоа да го спуштиме нивото на коректна политичка комуникација“. – додаде Бакрачески.

 Бакрачески рече дека имале сериозна политичка битка, сериозен предизвик.

„Од една страна бевме ние ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија кои целата кампања ја посветивме на граѓаните , презентирајќи програма, презентирајќи проект по проект кои се интерес на Охрид, промовирајќи мерки во интерес на граѓаните и промовирајќи позитивни вредности. Од друга страна имавме политички противник полн со негативна енергија, полн со изрази на навреди и омаловаѓувања, со изрази на манипулации и лаги, без дела, кој ширеше само негативност и мистерии. И тука се направи разликата. Доброто и позитивното секогаш на крај победувало и ќе победува. Волјата на граѓаните е да видат позитивна енергија и позитивна мисла. Доста е од ширење малициозности и тежини“. – нагласи Бакрачески.

 Бакрачески рече дека Охрид е град на позитивни луѓе кои и во тешки времиња остануваат оптимисти и со верба во својот град.

„Ние имаме јасна и чиста намера. И тука нема компромиси. На Охрид ќе му го вратиме достоинството, на Охрид ќе му ја вратиме препознатливоста, на Охрид ќе му ја вратиме надежта. Јас како градоначалник и мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ве уверуваме дека секој еден ден ќе ни биде посветен на Охрид. Нема ден да помине без да се сработаат дела во интерес на Охрид , без да се преземаат мерки во интерес на граѓаните. Од денес Охрид припаѓа на сите кои ќе се гордеат со својот град, од денес Охрид ќе се врати на картата на градови кон кои ќе се зборува со респект, град кои ќе се врати на картата на значајни и познати туристички дестинации“. – истакна Бакрачески.

Тој уште еднаш им се заблагодари на сите граѓани на Охрид и како што кажа Охрид од денес им се врати пак на охриѓани.

WebOhrid