Петрески: Овие избори не можеа да бидат фер и демократски

Портпаролот на ОИШ Дејан Блажески на прес-конференцијата на Сојузот за иднината изрази голема благодарност до сите грѓани на Охрид, до оние кои што самоиницијативно по своја волја и свој глас без оглед на која и да било опција го дале својот глас. Посебна благодарност упати до тимот кој што постојано работел со сите нив, како и за соработката со медиумите.

„Овие избори истуркавме според мене една лавовска битка, во поглед на информирањето и транспарентноста кон граѓаните и гласачите. Во секој случај голема благодарност сакам да изразам до 12.532 граѓани кои што му ја дадоа подршката на актуелниот градоначалник Александар Петрески и на Сојузот за иднината“. – рече Блажески.

Пред медиумите се обрати и кандидатот за градоначалник Алескандар Петрески кој што кажа дека вчера во Скопје имал средба со сите градоначалници од Македонија, на која што слушнал и видел дека на овие избори имало неколку неправилности.

„Затоа, нема место за разочараност, сакам да искажам голема благодарност до вас медиумите кои исто ви беше напорна работата многу, секако голема благодарност до тимот со кој работев во изминатиов период, а најповеќе до 12.532 граѓани кои гласаа на овие избори за мене, затоа што знам дека никој од нив не беше принуден да гласа за мене“. – истакна Петрески.

SDSM2

Овие избори според Петрески не биле фер и демократски.

„Видовте сами дека не беа фер и демократски. Така беше во целиот изборен процес и пред него, а својата кулминација секако ја достигнаа за време на молкот. Слушнав дека на плоштад ме обвини за нешто што не сум рекол, дека сум го спомнал некаде неговото семејство. Јас одговорно тврдам дека тоа не е точно. А впрочем има снимки од сите мои пресови или настапи на тв екраните, радио емисии. Исто така слушнав дека ќе имало некаква ревизија. Јас можам да кажам дека 7 години наназад работам со ревизија призната во Македонија, државната ревизија, а исто така 7 години работам со целосна ревизија на сите инспекциски служби, а секако и на полициските органи. Значи јас ревизија стално имам, а секако и дури сум работел сум имал. Ќе треба тие малку повеќе да се спремаат за ревизиите кои нив ќе им дојдат за многу кратко време за досегашното нивно работење, а секако и за наредното, работење кое ќе го имаат во периодот кој претстои“. – додаде Петрески.

Петрески исто така им честита на сите граѓани кои самоиницијативно гласале без разлика дали за него како што рече или за било која друга опција.

„Им честитам и на сите други кои ги купија по различни основи, за сите оние кои што им штанцаа преку 2000 лични карти во Белград и брзо ќе ви ги покажам личните карти. За сите оние кои што кеш ја примија платата од ЕМО, еден дел од платата, кому 6000 денари, кому 12000 денари, на сите оние кои во изминатиов период им ги платија сметките за струја, кои што гласаа во средата, четвртокот на лажните гласачки ливчиња т.н.р од бугарски воз. Би им препорачал и наредниот месец да го побараат тоа од мојот против кандидат. Ако мислите дека овие избори беа демократски и ако ова не е пирова победа тогаш им ја честитам победата, а судот на времето ќе покаже дека ова е почеток на нивниот крај“. – рече Петрески.

WebOhrid