Ако нема договор помеѓу Белград и Приштина, Србија ќе заостанува во евроинтеграциите

Договор сеуште нема, а ако ја пропушти јунската шанса, Србија две години ќе заостанува во европските интеграции. Белград не влегува со оптимизам во новата рунда, а Европа укажува дека шансите се се помали.

Државниот врв на Србија веќе ја известил Кетрин Ештон дека бриселската понуда од последната рунда на преговори со Приштина, е целосно неприфатлива. Истовремено, Европа возвраќа со предупредување, дека со пропаѓањето на дијалогот Србија се оддалечува од добивањето на датум за преговори со ЕУ се до 2015 година. Доколку во април не биде дадена позитивна оцена од страна на Кетрин Ештон и Штефан Филе, на Србија ќе и биде дадено црвено светло во Советот на министрите на ЕУ, а тоа би значело застој во европските интеграции.