Анти-Допинг Секторот при ФФМ предупредува

Почитувани спортисти и спортски работници, Светската Анти-Допинг агенција ВАДА ја издаде следната информација, која ви ја доставуваме во целост:

„ВАДА се здоби со сознание дека на црниот пазар се продава супстанцата GW501516 која е користена од некои спортисти.

Несаканите ефекти на ова супстанца се многу сериозни поради што ВАДА го презеде овој несекојдневен чекор на предупредување на `оние кои мамат` за да се осигура дека е комплетно сознанието и свесноста за можните ризици по здравјето за оние спортисти кои ке подлегнат на искушението да користат GW501516 за подобрување на перформансите.

GW501516 беше супстанца во фаза на клинички испитувања која беше отстранета од испитувањето од страна на фармацеутските компании и прекинато нејзиното производство поради откривањето во претклиничките испитувања на многу сериозна токсичност врз организмот на корисникот.

Клиничко одобрение за оваа супстанца не е и нема да биде дадено.

Сепак, GW501516 беше достапен во период од неколку месеци на црниот пазар, преку интернет и други патишта. Анти-Допинг овластените организации го потврдија користењето на  оваа супстанца од страна на некои спортисти, по откривањето на многубројни Допинг позитивни случаи“.

извор: Анти-Допинг Сектор при ФФМ