Експлозија на гасовод во Белград

Изутринава околу 7:45 часот после силна експлозија избил пожар на гасоводот кај Ибарската магистрала во Белград. Екипите на „Србијагас“ го исклучиле тој дел од гасоводот во 8:20 часот, со што спречиле проширување на пожарот и им овозможиле на противпожарните екипи да интервенираат без пречки.

Експлозијата се случила на само стотина метри од најблиските куќи. Пламенот за момент достигнал висина и од 30 метри. Во оваа интервенција учествувале 11 противпожарни возила и 29 пожарникари.

Повредени нема, истрагата е во тек, а се утврдува дали експлодирал магистралниот гасовод или подстаницата. Поради експлозијата, денес без гас ќе останат околните населени места.