Одлучено е кој ќе ја гради новата црква Св.Симеон Столпник во Куратица

На состанок на Црковниот одбор Свети Никола во Куратица, беше одлучено кој ќе ја гради новата црква – параклис Свети Симеон Столпник.

„Од вкупно пет пристигнати понуди за изградба, како најдобри понудувачи беа Илиески Ратко и Александар Колески. Изградбата ќе биде комплет од природен камен. За многу години и со божји благослов за комплетна изградба“. – велат од Црковниот одбор Свети Никола с.Куратица.

Инаку темелите на црквата посветена на Светиот Преподобен Симеон Столпник беа осветени на 28.02.2013 од страна на свештени лица.

Kuratica.eu

WebOhrid