На денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Општина Дебарца Игор Трајкоски истакна дека долгогодишната голгота спроведена во Општина Дебарца е при крај.
„Долгогодишната голгота спроведена во Општина Дебрца од страна на СДСМ, Бранко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиновски е при крај.
Низ овие 16 години изминати во Општина Дебрца сите ние бевме сведоци на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиновски и како резултат на таквиот однос Општина Дебрца денес е една од најслабо развиените Општини во Македонија.
Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму, давајќи му ја довербата за кандидат за градоначалник на човек кој не направил ништо во измитиве две децении. Се прашуваме дали во СДСМ постои недостиг на кадар или поголема е желбата за што поголемо уназадување на Општина Дебрца за сметка само на одредени лица блиски до градоначалникот и до СДСМ.
Низ овие две децении од општина Дебрца жителите можеа да видат само изградба на две бензиски пумпи во сопственост на Којчиноски.
Дали за Којчиновски и неговата тајфа примарен им е нивниот приватен бизнис наспроти реализација на различни проекти кои требаше да се спроведат за подобар живот на жителите во Општина Дебрца.
Се прашуваме како ли ги убедува жителите на општина Дебрца повторно да му дадат доверба, или можеби неговите проекти кои ги ветува секој мандат се тие за кои граѓаните гласаат за него.
Кога сме кај проектите би ги издвоил следните:
1.Во с.Оровник 2009 година им обеќа да им изгради спортски полигон кој не го изгради во 4 годишниот мандат и се дрзна повторно да им го вети во овој мандат.
2.Во с.Горенци во 2009 им вети автобуски превоз со кој патниците ќе бидат качувани од самото село и кога му стана жешко пред 24 март на два дена пред избори тогаш им го реализира ова ветување со цел веднаш по локалните избори да го стопира влегувањето на автобусите во истото село.
3.Во с. Волино им вети многу работи од кои ниедно не исполна освен едно поврзување на градскиот водовод кој доаѓа преку с.Требеништа за што со владини средства беше изграден цевководот и сеуште не е ставен во функција од необјасниви причини.
4.Во 2009 во с.Мешеишта им вети канализација која и ден денес можат мешеиштани да ја сонуваат за што да се дрзне повторно да ја стави во изборната програма од 2013г.
5.Во с.Климештани незнам по кој пат им ветува водовод и сеуште не им е изграден, истиот повторно да биде ветен.
6.Во с.Ботун во 2009 вети реконструкција на водоводната мрежа до ден денес истата не е реконструирана.
И многу други ветувања давајќи ги пред жителите на Општина Дебрца секогаш кога ќе му притребаа гласовите за да освои уште еден мандат.
И на крај дали им се потребни ваквите ветувања на Дебрчани кога знаеме за Којчиноски дека не му се битни проекти, туку го интересираат неговите бизниси со неколкуте негови блиски соработници.
Со воспоставување на мојот мандат како градоначалник ветувам дека ќе се реализираат сите потребни проекти кои им се значајни на жителите од о.Дебрца, а за тоа главен мотив ќе ми биде токму нивната доверба која ќе ми ја дадат на 7 ми април“. – истакна Трајкоски.
WebOhrid