Исплатени 209 милиони денари субвенции за сточаритe

Министерството за финансии исплати 209 милиони денари на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици. Како што соопшти Министерството, на 616 сточари денеска им се исплатени 98 милиони денари за одгледување овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне.

Во соопштението се додава дека на 2.589 сточари им се исплатени 52 милиони денари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло.

Вчера за одгледување пчели на 1.349 одгледувачи им беа исплатени 55 милиони денари. Мерката изнесува 600 денари субвенција по презимено пчелно семејство.

Министерството вчера на сметките на 426 сточари им префрли 4 милиони денари за одгледување маторици. Финансиската поддршка изнесува 900 денари по грло.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна на поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, се наведува во соопштението.