Утре 1ви ноемрви (среда), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и Пренос на моштите на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.