„Уште само неколку дена до голема победа, уште само неколку дена до промена на Којчиновски и СДСМ од кормилотo на Општина Дебрца. Од 7-ми април ќе започне нов период во Општина Дебрца предводен од ВМРО-ДПМНЕ, период на реализација на различни проекти за развој на нашата Општина“. – рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Дебарца, Игор Трајкоски.
Како што истакна Трајкоски ќе се реализираат проекти кои се од витално значење за жителите на Општина Дебарца неопходни во нивното секојдневие.
„Ќе се отвори индустриска зона во која ќе биде неопходна работна сила со што ќе се отворат нови работни места. Со проектот Оровничка плажа Општина Дебарца ќе биде на мапата атрактивна дестинација за голем број на домашни и странски туристи. Ќе се отвори откупен пункт за земјоделски производи, со што на жителите ќе им се овозможи полесен пристап за продажба на своите производи.Од витално значење ќе бидат проектите за Реконструкција на водоводната мрежа во с.Требеништа, с.Волино, с.Ботун и с.Климештани, исто така Реконструкција ќе има на резервоар за вода во с.Лактиње“. – додаде Трајкоски.
Во проектите како што кажа Трајкоски е предвидена и изградба на регионален колекторски систем Мешеишта, Климештани, Волино, Требеништа и Горенци.
„Неопходноста од Изградба на канализациона мрежа во с.Ботун, с.Лешани, с.Велмеј и с.Ново Село ќе стане реалност, Асфалтирање на локални улици ќе биде примарност во нашето делување, Реконструкција на улични светилки и поставување на енергоефикасни светилки за што поефикасно и поекономично делување на жителите на Општина Дебарца. Поставување на електрични светилки на влезовите на населените места со сончеви панели нешто што одамна им недостасува на жителите од Општина Дебрца. Во реализацијата на проекти примарност ќе има и образованието и подобрување на условите во училиштата со што ќе се започне со Изградба на монтажно училиште во с.Волино, реконструкција на училиштето во с.Оровник и с.Требеништа, Бесплатни учебници за сите ученици. Бесплатен интернет во сите училишта, Исто така предвидено е Општината да ги стипендира најдобрите 20 студенти“. – нагласи Трајкоски.
Во составот за реализирање на проекти во образовниот процес ќе бидат и Изградба на фудбалски игралишта, изградба на полигони за мал фудбал, училишни лиги во мал фудбал,училишни спортски клубови.
„Реконструкција на селските домови и отварање на културни домови или реконструкција на веќе постојните се дел од нашата Изборна програма и дел од нашите ветувања што ќе станат реалност. Од овој аспект преку реализација на голем број на проекти кои ќе допринесат за подобар услов на жителите на Општина Дебрца ве уверувам дека на Дебрца ќе и го вратиме сјајот кој изминативе 16 години недостасува“. – истакна Трајкоски.
Во искрена и тесна соработка со институциите и со Владата на Република Македонија и соработката со општина Охрид по победата на Бакрачески за градоначалник, Трајкоски рече дека ќе се спроведуваат низа на потребни проектни зафати за што подобро функционирање на Општина Дебарца и за што подобар живот на жителите на општина Дебaрца.
WebOhrid